- 031 511 989 ; 072 314 502
- naplata@jpcistotaizelenilo.mk
- Пон - Пет 7:00 - 15:00
ЈП "Чистота и зеленило” Куманово е основано со акт на Собранието на општина Куманово и е запишано во трговскиот регистар при Основен суд Скопје 1 во Скопје, со решение Трег.број 206/98 од 18.02.1998 година, согласно член 1,2 и 3 од Законот за јавни претпријатија. ЈП "Чистота и зеленило" Куманово е основано со Одлука на самоуправни органи при расформирање на Заводот за Урбанизам, комунално стамбени работи и проектирање Куманово бр. 02-667 од 02.12.1974 година.
Јавното претпријатие се основа заради вршење дејност од јавен интерес а кое е незаменлив услов за живот и работа на граќаните и правните субјекти на територија на општина Куманово. Во јавното претпријатие службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото кои го користат 20% од жителите на општината во конкретен случај албанскиот јазик и неговото писмо.
Седиштето на јавното претрпијатие е во Куманово, ул. Братство единство 30. Јавното претпријатие има својство на правно лице. Во правниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка и обврските одговара со целиот свој имот со кој располага. Јавното претпријатие Чистота и зеленило - Куманово во својот делокруг на работење ги врши следните дејности:
Јавното претпријатие во својот состав има 2 одделенија дирекно одговорни пред Директорот:
Јавното претпријатие Чистота и зеленило-Куманово во својот состав има 4 сектори и тоа:
Сектор за техничко технолошки работи во својот состав има:
Сектор за правни работи во својот состав има:
Сектор за финансиско сметководствени и комерцијални работи во својот состав има:
Сектор за јавни набавки во својот состав има: